Феникс 2010 се „засили“ со Бобан Митев (ФОТО)

Феникс 2010 и Бобан Митев започнаа соработка во која еден од најискусните тренери во македонската кошарката ќе има улога на ментор на младите тренери и ќе работи на индивидуалниот развој на младите кошаркари, објави скопскиот прволигаш.

Клубот од Маџари кој доскоро важеше за еден од најдобрите во младинските категории ја пренесе одличната работа и на прволигашката сцена каде со грото млади кошаркари стигна до голем успех. Искуството на Митев стекнато во најсилните првенства и натпреварувања во Европа се очекува да биде од големо значење за младиот состав.

Се вчитува...