Феникс без проблеми против Чаир до победа број четири

Феникс 2010 стигна до четвртата победа во сезоната откако во 5. коло славеше против Чаир 2030 со 78-97. Високата реализација на избраниците на Дервишевиќ во првото полувреме (62 отсто за два и 63 отсто за три поени) донесе висока предност, а во вториот дел од мечот гостите одолеаја на налетот на домаќините за мирен финиш и нови два бода.

Отварањето на натпреварот му припадна на Феникс 2010 чија одлично напаѓачко темпо му донесе двоцифрена предност уште по три и пол минути игра (2-14). Сепак како што одминуваа минутите за домашниот состав се разигра Френклин, а со серијата на Американецот Чаир 2030 успеа да ја врати едноцифрената негатива за 20-26 по 10. минути игра. Контролата на гостите продолжи и до крајот на првото полувреме во кое високата реализација проследна со одлична одбрана која дозволи само десет противнички поени донесе и предност од дваесет поени за „виолетово-жолтите“ која беше задржана и до големиот одмор (30-53).

Чаирчани одговорија со агресивна одбрана на отварањето на второто полувреме па со лесни поени од транзиција успеаја да ја намалат негативата на 41-56, но немилите сцени и неколку минутниот прекин донесе крај на серијата. Феникс повторно ја постави контролата, но Чаир одговори одлично зад линијата 6,75 за 58-76 пред последните десет минути. Во нив работите не се променија, Феникс продолжи да го контролира мечот, одолеа на налетот на противникот за нова победа.

Френклин со 22 поени и 5 скока беше лидер на Чаир 2030, додека него го следеше Мохамед со дабл-дабл од 19 поени и 10 скока. Фалден беше енигма за домаќините со 35 поени и 7 скока, Бакингхам додаде 27 поени и 9 скока, а како двоцифрени мечот го завршија и Трајковски со 14 и Митревски со 12 поени.

Се вчитува...