Феникс ја продолжи „мизеријата“ на Лејкерс

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа пет натпревари. Феникс Санс ја продолжи „мизеријата“ на Лос Анџелес Лејкерс сезонава откако во „Стејплс центарот“ ги совлада “езерџиите“ со убедливи 90-108.

Девин Армани Букер со 24 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените не беа доволни 34 поени на Леброн Џејмс.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Мајами – Индијана 125-96, Њујорк – Детроит 105-91, Њу Орлеанс – Портланд 111-97 и Далас – Минесота 114-102.

Се вчитува...