Феникс незапирлив, Чикаго ја одбрани честа на гостите

Кошаркарите на Феникс го совладаа тимот на Јута со 115-109. Санси со тоа дојдоа до седмата победа по ред, и го потврдија најдобриот скор во целата НБА лига.

Нова „жртва“ на тимот од Аризона беше Јута, која имаше водство во последната четвртина, но немаше решение за расположениот домаќин. Феникс беше предводен од Букер со 33, Пол со 27 поени.

Екипата на Чикаго дојде до тешка победа на гостувањето во Оклахома, практично одбранувајќи ја честа на гостите во синоќешните натпревари во НБА. Иако Булси настапија без Дерозан, Карус, Бол, Џонсон…, сепак, Булси во последните секунди успеаја да ја добијат најмладата екипа во НБА.

Во останатите мечеви, Кливленд на свој паркер ги совлада Никси со 95-93 во најнеефикасниот меч ноќесла, а Пеликанс во Њу Орлеанс беа подобри од Индијана со 117-113.

РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Њујорк 95-93
Њу Орлеанс – Индијана 117-113
Оклахома – Чикако 110-111
Феникс – Јута 115-109

Се вчитува...