Феникс повторно подобар од Денвер, Јокиќ не можеше сам (ВИДЕО)

Феникс поведе со 2-0 против Денвер во полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата, откако во вториот меч славеше со 123-98.

Уште по првото полувреме Феникс водеше со 52-42, а потоа во второто стигнаа дури и до 30 поени разлика (109-78), за на крајот лесна победа.

Кај домашните се истакнаа Девин Букер со 18 поени, како и Крис Пол со 17 поени, а новиот МВП, Никола Јокиќ не можеше ништо се сам кај Денвер, сега запишувајќи 24 поени дополнети и со 13 скока.

.

Се вчитува...