Феникс Санс без Пол и во мечот број три против Денвер

Феникс Санс ќе бидат значително ослабени за третиот натпревар од полуфиналето во Западната конференција против Денвер Нагетс, бидејќи стартниот плејмејкер Крис Пол ќе биде надвор од теренот поради повреда.

Феникс Санс официјално објавија дека Крис Пол нема да биде достапен за третиот натпревар во серијата. Останува да видиме дали ќе биде подготвен за четвртиот натпревар, иако американските медиуми пренесуваат дека мали се шансите „ол-стар“ плејмејкерот да игра и во мечот број четири.

„Јасно е дека Крис ќе ни недостига. Мораме да излеземе таму и да ја играме нашата игра. Сите заедно. Да не размислуваме за ова и да се туркаме во добра позиција“, изјави Кевин Дурант. 

Денвер има предност од 2-0 во полуфиналната серија, а натпреварот број три ќе се игра во ноќта меѓу петок и сабота.

Се вчитува...