Феникс се засили со кошаркар од Џи-Лига (ФОТО)

Феникс 2010 замената за заминатиот Демонте Бакингхем ја најде во неговиот сонардоник, Џордан Такер. 201 сантиметри високиот крилен играч во македонското првенство доаѓа по сезона помината во Џи-лигата каде брои настапи за филијалите на Чикаго, Хјустон и Мајами.

Изминатото лето бил дел и од Летната НБА лига настапувајќи за Минесота Тимбервулвс и се очекува да биде големо засилување за составот предводен од Денис Дервишевиќ. Феникс 2010 одлично ја отвори новата сезона и во шест кола забележа четири победи и два порази, но во следниот период му претстојат тешки натпревари против претендентите за висок пласман.

Се вчитува...