Феникс стави печат на мизерната сезона на Лејкерс (ВИДЕО)

Мизерната сезоната на Лос Анџелес Лејкерс доживеа свој крај, откако со синоќешниот пораз на гостувањето кај Феникс од 121-110, тимот од ЛА ги загуби сите шанси за плеј-оф сезонава.

Девин Армани Букер со 32 поени беше прво име во таборот на „сонцата“, додека кај „езерџиите“ недоволни беа 28 поени на Расел Вестбрук и 21 поен на Ентони Дејвис.

Бруклин Нетс славеше на домашен терен над Хјустон Рокетс со 118-105. Прво име во победничкиот табор беше Кајри Ирвинг со 42 поени. Кај поразените Кевин Портер Џуниор заврши со 36 поени.

Во останатите натпревари од синоќешната понуда: Индијана – Филаделфија 122-131, Орландо – Кливленд 120-115, Мајами – Шарлот 144-115, Торонто – Атланта 118-108, Чикаго – Милвоки 106-127, Минесота – Вашингтон 114-132, Оклахома – Портланд 98-94, Денвер – Сан Антонио 97-116, Јута – Мемфис 121-115 и Сакраменто – Њу Орлеанс 109-123.

Се вчитува...