Феномен: Јагр му се врати на хокејот на 47 години

Кога Јаромир Јагр лани на 46-годишна возраст се удри со глава во оградата и му беше препорачано да одмори од хокејот во наредните 12 месеци се чинеше дека приказната на овој спортски великан е завршена. Впрочем, пензионирање по тешка повреда во спорт како хокеј на мраз, на 46-годишна возраст е единствената нормална одлука.

Само што Јагр уште еднаш покажа дека не размислува како „нормалните“, па реши и на 47 години да се врати на мразот.

Тој се појави во тимот на Кладно, значително здебелен во однос на периодот кога растураше во НХЛ-лигата, но сепак му помогна на својот тим да стигне до победа од 2-0 во чешкиот шампионат.

Не ми е лесни да тренирам и да играм, не сум подвижен како некогаш. Имам 118 килограми, но ќе помогнам колку што можам“ – изјави чешкиот ветеран.

Јаромир  Јагр е најдобар европски хокеар на сите времиња, втор најдобар играч во историјата на НХЛ по бројот на поени (вкупен збир на голови и асистенции). Во 1990 година тој на 18-годишна возраст стана најмлад играч во историјата на НХЛ-лигата, а во 2017 на 45-годишна возраст стана и највозрасниот што настапил во најсилната лига во светот.

Се вчитува...