Феномен: Салах има постигнато повеќе голови од седум премиерлигаши

Мохамед Салах ја игра најдобрата сезона во својата кариера, откако со хет-трикот на „Олд Трафорд“ стигна до бројката од десет погодоци на досегашните девет одиграни средби во Премиер-лигата.

Импресивно делува податокот дека Салах самиот има постигнато повеќе погодоци од дури седум англиски премиерлигаши.

„Фараонот“ на Ливерпул има ист број голови како Арсенал (по десет), додека помалку погодоци од Салах сезонава во Премиер-лигата имаат постигнато Тотенхем (девет), Брајтон (девет), Вулверхемптон (девет), Саутемптон (осум), Лидс (осум), Барнли (седум) и Норвич (два).

Воедно, Салах се запиша меѓу стрелците на последните десет средби на кои настапи за Ливерпул (во сите натпреварувања), серија што ќе се обиде да ја продолжи на саботниот натпревар против Брајтон на „Енфилд роуд“.

Се вчитува...