Феноменален гол на „чудото од дете“ на Борусија Дортмунд: Најмлад стрелец во историјата на Бундеслигата (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд продолжи со слабата форма во германската Бундеслига. Синоќа во Берлин загуби од Унион со 2-1, и зад водечкиот Баер Леверкузен сега заостанува веќе шест бода и со натпревар повеќе.

Но, ако ништо друго, од мечот за Борусија ќе остане запаметен погодок на „чудото од дете“ на „милионерите“, Јусуф Мукоко кој со 16 години и 28 дена стана најмлад стрелец во историјата на Бундеслигата.

 

За Мукоко ова беше втор едноподруго натпревар како стартер, поради повредата на Ерлинг Халанд.

Се вчитува...