Феноменален гол на Молина… Гетафе го доби дербито со Валенсија (ВИДЕО)

Гетафе дополнително се доближи до водечките Реал Мадрид и Барселона во Ла Лига, откако во 23. коло славеше во дерби пресметката со Валенсија со 3-0.

Молина е херојот на Гетафе, запишувајќи ги првите два погодоци за својот тим во 58. и во 67. минута од средбата, од кои оној вториот вистинска мајсторија кога нанижа неколку противнички дефанзивци…

 

Конечните 3-0 ги постави Мата во 88. минута.

Гетафе сега со 42 бода на третата позиција, е на само четири бода од второпласираната Барселона и седум бода од првопласираниот Реал Мадрид.

Се вчитува...