Феноменална „тика-така“ на Барса…, Меси за минимална победа (ВИДЕО)

Барселона долго се мачеше во 20. коло од Ла Лига пред своите навивачи со Гранада, но успеа да стигне до триумф од 1-0 благодарение на феноменалната акција во 76. минута која со погодок ја круниса Лионел Меси.

На каталонскиот тим му беше неопходно Гранада да остане и со играч помалку, по исклучувањето на Санчез во 69. минута, за да успее да постигне гол за триумф. И следеше во 76. минута ретко видена акција на фудбалските терени. Феноменална акција во седум потези која на крајот ја ефектуираше Меси…

Оваа победа ја врати Барселона на врвот од табелата со 43 бода, колку што има и второпласираниот Реал Мадрид.

Се вчитува...