Феноменалниот Денис Шрудер ја однесе Германија до драматична победа во дербито со Австралија, Црна Гора рутински со Египет

Германија ја доби драмата против Австралија победувајќи со 85-82 во дербито на Групата Е на Светското првенство 2023.

Во натпревар со многу пресврти, Германците имаа предност на полувремето од 44-49. Но, Австралија успеа да одигра одлична трета четвртина добивајќи ја со девет поени разлика, па во последниот период од играта Австралијанците влегоа со предност од 66-62.

Но, во драматичен финиш Германците беа тие кои беа помудри и посреќни за конечна победа од 85-82.

Феноменалниот Денис Шрудер ја предводеше Германија до победата со 30 поени, дополнети и со осум асистенции. Мајл беше најдобар кај Австралија со 21 постигнат поен.

Standings provided by Sofascore

Црна Гора лесно славеше против Египет со 89-74, во Групата Д.

Од самиот почеток Црногорците ја презедоа контролата на мечот, рутински одржувајќи предност низ сите четири периоди од играта.

Никола Вучевиќ со 16 поени и Ивановиќ со 15 поени беа најдобри поединци во победата на Црна Гора, која сега има две победи на стартот на Мундобаскетот.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...