Феноменалниот Јанис со тројка за продолжение го сруши големиот рекорд на Абдул-Џабар (ВИДЕО)

Јанис Адедукомбо со феноменална партија го одведе НБА-шампионот Милвоки до триумф од 119-120 на гостувањето во Бруклин, по продолжение.

Гркот постигна 44 поени, со 14 скока и шест асистенции, а единствената тројка која ја постигна беше вредна за влез во продолжение, на 18 секунди пред крајот на регуларниот дел од мечот.

Со таа тројка Јанис стана и најдобар стрелец на Милвоки во историјата, прескокнувајќи го Карим Абдул-Џабар. Легендарниот Карим ја започна својата кариера во Бакс 1969 година и во втората своја сезона ги одведе до шампионската титула во НБА.

Во својата кариера во дресот на Милвоки, Карим постигнал 14.211 поени, а Јанис со спомнатата тројка дојде до 14.214 поени. Во продолжението не постигна ниту еден поен, се до три секунди пред крајот кога ги погоди двете слободни фрлања за победа од 119-120.

 

Се вчитува...