Феноменалниот Ларкин го водеше Анадолу Ефес до победа над Олимпијакос

Турскиот Анадолу Ефес на крилата на Шејн Ларкин стигна до нова победа сезонава во Евролигата. Овојпат избраницте на Атаман беа подобри на домашен терен од грчкиот Олимпијакос со 91-79. Првите три четвртини Турците само ја зголемуваа предноста и по 30. минути имаа предност од 62-45.

Грците во последниот период успеаја само да го намалат резултатот и да стигнат на крајот до коректен пораз од 91-79. Повторно прво име во победничкиот табор беше Шејн Ларкин со 40 поени од кои 10 тројки, со кои го израмни рекордот на поранешниот кошаркар на Фенербахче Ендрхју Гадлок, а солидна партија имаа и Тибор Плајс со 13 и Василије Мициќ кој уфрли 12 поени. Кај гостите од Грција, Октавиус Елис уфрли 14 поени, додека Двајт Бајк заврши со 11 поени.

Со оваа победа Ефес е чекор поблиску до осигурување на првата позиција пред плеј-офот, додека Олимпијакос до крајот ќе води тешка битка со Фенербахче, Валенсија и Милано за последното место кое ќе води во топ 8 фазата.

Се вчитува...