Феноменално „Ел Класико“: Кралско враќање на врвот во Ла Лига (ВИДЕО)

Реал Мадрид сосема заслужено стигна до триумф во големата „Ел Класико“ пресметка против Барселона од 2-0, во 26. коло од шпанската Ла Лига. „Кралевите“ доминираа во вторите 45 минути кога ги постигнаа и двата гола на мечот за заслужени три бода со кои се вратија на врвот од табелата во Шпанија.

Во првото полувреме Барселона беше подобра, но Гризман најпрво не реализираше одлична можност, а потоа, и Артур во 34. минута и Меси во 38. минута се најдоа во одлични шанси за погодок но голманот на мадриѓаните, Куртоа извонредно интервенираше.

Сепак, на доминацијата на Барселона во првиот еднакво возврати Реал Мадрид во вториот дел. Се редеа бројни шанси пред голот на каталонскиот тим, но не реализираа Иско, Бензема и Рамос… Тоа што не им успеа ним, му успеа на 19-годишниот Винисиус во 71. минута кога продре по десната страна и успеа да го совлада Тер Штеген.

До крајот Барселона, и покрај привидните обиди, не успеа да стигне барем до бод. А, гостите добија уште еден погодок во својата мрежа во втората минута од судиското продолжение кога Мариано Диjаз само што влезе во игра во првиот свој допир со топката донесе 2-0.

Реал Мадрид со оваа победа се врати на врвот од табелата сега со бод предност во однос на второпласираната Барселона.

Се вчитува...