ФЕНОМЕНАЛНО: Падна, беше претпоследна, па за еден круг ги мина сите и заврши прва (ВИДЕО)

Холандската атлетичарка Сифан Хасан уште еднаш демонстрираше дека во спортот никогаш не треба да се откажете, без оглед во колку непријатна ситуаација ќе се најдете.

Светската шампионка на 1.500 и на 5.000 метри се најде во крајно незавидна состојба откако на еден круг пред крајот на денешните квалификации на ОИ на 1.500 метри се сопна и се најде на претпоследното место.

Тогаш Хасан го стартуваше неверојатниот финиш, ги истрча феноменално преостанатите 400 метри, па не само што успеа да стигне до големото финале, туку тоа го стори освојувајќи го првото место во својата група.

Погледнете го неверојатниот круг на Холанѓанката, која е главната фаворитка за златото во оваа дисциплина.

 

Се вчитува...