Фер-плеј во Турската лига: Во последните минути од мечот намерно промашија пенал!(ВИДЕО)

На спортската јавност внимание и привлече фер-плеј потегот од дуелот од турското првенство меѓу Газијантеп и Гезтепе, кој заврши 1-1.

Овој настан се случи буквално во последните секунди од средбата. До 92 минута резултатот беше 0-0, а тогаш македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ погоди за 1-0 за гостите.

Газијантеп не се предаде и четири минути подоцна, односно во 96 минута стигна до 1-1, а кулминација на драмата се случи во 99 минута. Судијата досуди пенал за домаќините, иако гостинскиот голман немаше контакт со противничкиот играч.

Мухамет Демир кој реши да го изведе пеналот, знаеше дека немаше фаул за најстрога казна, па намерно промаши, иако можеше да донесе победа на домаќините. Дефинитивно потег кој ќе конкурира за ферплеј на годината во светот.

 

https://gorilla.cdnja.co/v/em/emPEP.mp4?token=VG1MgsnX_GmvLknsFPLoHw&expires=1650741859

 

Се вчитува...