Се е договорено: Се исполни желбата на Чави – Феран Торес доаѓа во Барселона

Барселона е подготвена да го комплетира првиот мегатрансфер во јануарскиот преоден рок,откако ги договори условите за трансферот на Феран Торес од Манчестер Сити. Каталонците во изминатиот период беа поврзувани со Кавани и со Марсијал, но првиот целосно договорен транфер ќе биде оној на Торес, кој неодамна имаше и одлични игри во дресот на шпанската репрезентација.

Каталонците ќе му исплатат 55 милиони евра на Манчестер сити, со дополнителни десет милиони доколку бидат активирани неколку клаузули. Овој трансфер е големо изненадување бидејќи токму поради финансиската ситуацијата Лионел Меси и Антоан Гризман летово го напуштија „Камп ноу“, а дел од фудбалерите прифатија големо намалување на платите.

Феран Торес е играч на чиј ангажман Чави инсистираше од самото доаѓање, а претседателот Лапорта успеа да ја исполни желбата на новиот стратег.

Останува само да се види кога Торес би можел да дебитира за Барса, со оглед на фактот дека овој фудбалер веќе два месеци поради повреда не настапува за Манчестер Сити.

Се вчитува...