Феран Торес пристигна на лекарски прегледи во Барселона

Шпанскиот напаѓач Феран Торес кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Претседателот на клубот, Жоан Лапорта успеа да се договори со Манчестер Сити околу 21-годишниот напаѓач кој од каталонскиот клуб ќе биде платен околу 55 милиони евра.

Торес беше голема желба на Чави Ернандез и Барселона конечно успеа да го договори трансферот на овој напаѓач кој сигурно ќе биде големо засилување за каталонскиот клуб подоцна во сезоната. Шпанскиот напаѓач утринава пристигна во Барселона, а веднаш замина и лекарски прегледи. Официјалната потврда за неговиот трансфер се очекува во текот на денот.

Торес треба да потпише договор со Барселона до летото 2025 година, а неговото официјално претставување пред навивачите на „Камп Ноу“ најверојатно ќе се случи утре. Напаѓачот потекнува од Валенсија, од каде минатото лето се пресели во Манчестер Сити за 28 милиони евра. Поради проблеми со повреди оваа сезона одигра само седум натпревари за „Граѓаните“, а успеа да постигне три гола и да додаде уште една асистенција.

 

 

 

Се вчитува...