Не може да се очекува Ферари да биде конкурентен пред 2022 година, отворено признава претседателот на Ф1 гигантот, Џон Елкан. Сепак вели, Ферари има комплетна доверба во тимскиот директор, Матија Биното и покрај тешкиот старт на сезоната за тимот.
„Периодов ги поставуваме темелите на тоа да бидеме повторно конкурентни и да се вратиме на победите кога ќе се променат правилата во 2022 година. Уверен сум во тоа. Биното ги има потребните карактеристики и способност за да го почне победничкиот циклус. Во моментов, реалноста е дека нашиот болид е неконкурентен. Можевте да го видите тоа, а ќе го гледата и повторно“ – вели Елкан.
Зборувајќи за „Gazzetta Dello Sport“ во едно од ретките интервјуа, Елкан потенцира дека Биното бил во Ферари и во најславните денови кога тимот доминираше со Ф1 во периодот на Михаел Шумахер, Жан Тод и на Рос Браун.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА