Фердинанд: Да бев јас тренер Роналдо немаше да се однесува на тој начин

Легендарниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд го критикуваше Оле Гунер Солскјер поради тоа што се случува на неговата клупа.

На натпреварот со Јанг Бојс, Норвежанецот го извади Кристијано Роналдо од игра пред крај на дуелот уфрлувајќи го Лингард. Но, бидејќи дуелот беше се уште драматичен, Роналдо неколку пати стана од клупата до самата аут-линија на теренот дофрлувајќи нешто на соиграчите.

„Да сум јас тренер би му кажал да седне. Мисла, го разбирам. Тој е Роналдо, навивачите го сакаат и него и начинот на кој се однесува, страствен е и очајнички сака да победува. Но, некои однесувања мора да имаат граници и да се знае ред во тимот. Ако, пак, до таа мера сака да биде до тренерот и да вика покрај теренот, во ред. Но, некои нешта мора да бидат поставени како што треба“ – вели Фердинанд.

Се вчитува...