Фердинанд: Да играв денеска ќе вредев 200 милиони

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и репрезентативец на Англија, Рио Фердинанд е познат како еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња.

Во тандем со Немања Видиќ, тој беше непробоен бедем пред голот на „црвените ѓаволи“ во еден од најуспешните периоди во историјата на клубот од „Олд Трафорд“.

Тој во интервју за англиските медиуми изјави дека доколку денеска би играл фудбал би вредел 200 милиони евра.

„Замислете колку би вредел сега. На денешниот пазар цената за мене би била 200 милиони евра. Во исто време, мојата плата би била околу 500.000 евра неделно“, изјави Фердинанд.

Најголемата сума платена за Фердинанд во неговата кариера изнесуваше 45 милиони евра. Ова е сумата што Лидс ја доби за негова продажба во Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...