Фердинанд: Фернандеш не смее да му дозволи на Роналдо да изведува слободни удари

Кристијано Роналдо по 12 години се врати на „Олд Трафорд“ каде стана еден од најдобрите фудбалери на денешницата во трансфер вреден 25 милиони евра плус бонуси, а во редовите на Манчестер Јунајтед ќе остане најмалку две години.

Со тоа Португалецот најави и промени во редовите на „црвените ѓаволи“ каде се очекува помала минутажа да добијат Ентони Марсијал и Мејсон Гринвуд, меѓутоа легендарниот стопер на тимот, Рио Фердинанд вели дека не смее да му се допушти на португалскиот ас да стане клучниот играч во сите сегменти.

„Сигурен сум дека Бруно Фернандеш ќе му допушти да ги изведува пеналите, но ни е и слободните удари. Мислам дека тој ќе остане изведувач на слободните удари околку шестнаесетникот, а така и треба да биде бидејќи од нив е многу опасен. Сигурен сум дека Бруно ја гледа пошироката слика и дека ќе жртвува се за конечната цел. Доколку тоа значи помалку негови голови, а освојување на повеќе трофеи, сигурен сум дека ќе го прифати тоа“, изјави Фердинанд.

Се вчитува...