Фердинанд: Јунајтед е тим со најлоши сопственици… Тие не знаат што е офсајд

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд остро ги нападна сопствениците на „црвените-ѓаволи“, американските бизнисмени Глејзери велејќи за нив дека до толку немаат познавање за фудбалот што не знаат што е офсајд.

Тој ја наметна темата за испраќањето на Џеси Лингард кој иако ги помина сите младински категории на клубот не доби шанса како што заслужува да се прости со фановите на „црвените-ѓаволи“.

„Мислам дека Јунајтед е еден од најлошите клубови кога е во прашање односот кон играчите. Гледате клубови во кои играчите кои дале се за клубот, испраќањата што ги добиваат се феноменални и со право. Но, тоа не е случај во јунајтед…  Не велам дека треба да се прави нешто премногу, но понекогаш кога чувствувате дека сте дале многу од себе на некој фудбалски клуб, тоа е добар начин да бидете испратени. Јас бев отфрлен на сличен начин. Се е тоа до сопствениците, Јунајтед има сопственици кои не знаат што е офсајд“, изјави Фердинанд. 

Се вчитува...