Фердинанд: Не гледам дека Манчестер Јунајтед е екипа од 600 милиони

Манчестер Јунајтед повторно ги разочара фановите, откако загуби на домашен терен од Барнли со 0-2, во натпревар од Премиер-лигата. Навивачите пред крајот го напуштија стадионот, а слично мислење со нив дели и легендарниот фудбалер на „црвените-ѓаволи“, Рио Фердинанд.

„Не гледам екипа од 600 милиони фунти на теренот. Што е купено? Седам овде и се срамам. Раководните лица во клубот мора да направат промени“, изјави Фердинанд. 

Јунајтед и покрај очајната форма сезонава, се наоѓа на петтото место на првенствената табела со освоени 35 бода.

Се вчитува...