Фердинанд раскажа како зборовите на Фергусон му помогнале на Јунајтед да ја освои 20. титула

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд раскажа анегдота со која уште еднаш се потврдува големината на Сер Алекс Фергусон.

„Се сеќавам дека беше многу остар према Руни, Керик, Сколс и мене особено. Ни рече дека Ван Перси ќе ни ја донесе титулата, но мораме да му даваме топки. Тој кој нема тоа да го прави, повеќе нема да игра за Манчестер. Таа година Руни му додаде долга топка на Перси, гол што беше за титула. Да не беа зборовите на Ферги, Руни тогаш ќе тргнеше сам во контра. Меѓутоа, на Вејн се уште му одекнуваа зборовите на Фергусон“, изјави Фердинанд. 

Таа 2013 година Манчестер Јунајтед ја освои последната титула шампион на Англија, а имено тоа беше и последна сезона на легендарниот Сер Алекс на кормилото на клубот од „Олд Трафорд“.

Се вчитува...