Фердинанд: Сезоната да биде поништена, тое е единствено правилно

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, смета дека сезоната во Премиер-лигата која во моментов е во прекин треба да биде комплетно поништена. Поради пандемијата на коронавирусот англискиот фудбалски шампионат е во прекин до крајот на април, а неизвесно е кога и воопшто би продолжил. Најголемиот дел од клубовите се согласни дека сезоната треба да биде завршена, но има и такви кои сметаат оти понишувањето би било најдобро решение.

„Мислам дека сезоната треба да биде поништена, тоа е единствено фер. Знам што ќе речат сите – Рио го зборува ова затоа што играше во Јунајтед. Но, јас едноставно не гледам што би можело да биде направено, а да не биде загрозено здравјето на сите. Толку е едноставно. Целата оваа приказна за натпревари пред празни трибини… Играчите ќе бидат на терен и тие се дел од општеството, зарем тие не можат да бидат заразени. Мислам дека тоа не е добра одлука“ – вели Фердинанд.

Поништувањето на сезоната ќе биде најголем удар за Ливерпул кој одигра речиси перфектен шампионат, во моментов има 25 бода предност пред второпласираниот Манчестер Сити и потребни му се само уште две победи за официјализирање на титулата која ја чека 30 години.

 

Се вчитува...