Ференцварош инсистира на Аријан Адеми

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми по десет години го напушта Динамо Загреб и се сели во Ференцварош, пренесуваат унгарските медиуми. Претседателот на шампионот на Унгарија изјави дека во клубот ќе стигне големо засилување, а медиумите од оваа земја веќе пренесуваат дека се работи за Аријан Адеми.

Доколку се случи трансферот Адеми би бил нов Македонец во Ференцварош, откако претходно од 2017 до 2019 година дресот на овој клуб го носеше и Стефан Спировски.  Во минатото и Александар Бајевски беше дел од овој унгарски клуб.

Адеми во Динамо Загреб е од 2010 година, тим во кој стана и капитен. За гордоста на Загреб тој запиша 162 натпревари, на кои постигна 14 гола. Девет пати ја освојуваше Првата лига на Хрватска, а со тимот имаше и одлични настапи во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Се вчитува...