Фергусон го убедил Роналдо да се откаже од Сити за само 20 секунди

Кристијано Роналдо летово по 12 години реши да се врати во Манчестер јунајтед. Португалецот во еден момент се поврзуваше со трансфер во Манчестер сити, нешто што наиде на големи критики од приврзаниците на „црвените-ѓаволи“, но и од дел од поранешните фудбалери.

Во целата ситуација се вклучи Сер Алекс Фергусон кој беше главната причина поради која Роналдо на крајот се врати на „Олд трафорд“. Англиските медиуми пренесуваат дека на легендарниот менаџер му биле потребни само 20 секунди да го убеди еден од најдобрите фудбалери да не прифати трансфер во Сити и да се врати во Јунајтед.

Кристијано Роналдо по враќањето на „Театарот на соништата“ е најдобриот фудбалер на овој клуб и веќе во неколку наврати го спасуваше Оле Гунар Солскјер од отказ.

Се вчитува...