Сер Алекс Фергусон беше пресреќен по победата на неговиот Манчестер јунајтед над Њукасл од 4-1 во првиот натпревар откако член на тимот од „Олд трафорд“ е Кристијано Роналдо. Тој беше еден од главните виновници за победата со два гола, а легендарниот стратег по мечот откри тајни околу преговорите за потпис на Португалецот.
„Возбуден сум како и сите. Многу луѓе беа вклучени во трансферот, а помогнав и јас затоа што знаев дека Роналдо сака да се врати. Не би рекол дека сум емотивен, но за мене е возбудување и олеснување што е така, зашто не би можел да го замислам во дресот на Манчестер сити“, вели Фергусон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА