Фергусон никого не контролираше, Рио бегаше од тестови за дрога, Гигс спиеше со жената на брат му – Гаскоњ вели ќе бил алкохоличар и ако одел во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед немаше да промени ништо околу моите проблеми во животот. Особено немаше на мене да влијае Алекс Фергусон. Вака контроверзниот поранешен англиски репрезентативец, Пол Гаскоњ одговара на тврдењата на легендарниот менаџер на Јунајтед, дека бил „будалесто момче“ затоа што не дошол на „Олд Трафорд“. Во 1998 година, Гаскоњ му ветил на Фергусон дека ќе дојде во неговиот тим.

„Рио Фердинанд бегаше од тестови за дрога, Ерик Кантона со кунг-фу се пресметуваше со човек од публиката, Вејн Руни имаше секс со некоја баба, Рајан Гигс спеше со жената на брат му и сега Фергусон раскажува за мене“ – вели Гаскоњ.

Сепак, Гаскоњ кој место во Манчестер Јунајтед отиде во Тотенхем затоа што овој клуб им купил куќа на неговите родители имаше далеку поголеми проблеми од фудбалерите кои ги набројува. Тој веќе на 33 години беше дијагостициран алкохоличар. Тогаш првпат отиде на лечење.

Се вчитува...