Фергусон со комплименти за Тен Хаг: Време е Јунајтед да доживее преродба

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон му посака добредојде на Ерик тен Хаг, кој летово ќе седне на клупата на „црвените ѓаволи“. Холанѓанецот од „Олд Трафорд“ доаѓа од Ајакс и ќе има многу тешка работа во текот на летото.

Фергусон верува дека конечно е дојдено време Јунајтед да се врати на старите победнички патеки.

„Се надевам дека ќе успее. Време е Јунајтед да доживеее преродба, на клубот му треба некој кој би можел да ја преземе контролата врз ситуацијата“, истакна Фергусон.

Тен Хаг ќе го наследи Ралф Рангник, кој ќе се пресели во раководните структури на англискиот клуб. Холанѓанецот потпиша четиригодишен договор со можност да остане уште една сезона на „Олд Трафорд“ со согласност на двете страни.

Се вчитува...