Фергусон со урнебесен коментар: Требаше Клоп да го советувам да замине во Сканторп Јунајтед

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, имале супер-интересен разговор. Заедно со наградата „Најдобар“ меѓу тренерите во Премиер лигата, во вторникот Германецот го доби и трофејот број еден за сезоната во името на големиот Шкотланѓанец, за кој гласаа менаџерите во сите дивизии во Англија.

Самиот Сер Алекс го објави победникот, па се обрати кон присутните.

„Ова е агонија, ова е апсолутна агонија…Јирген Клоп. Му реков пред 12 години да оди во историски клуб. Требаше да му препорачам да оди во Сканторп Јунајтед“, изјави Ферги.

Пензионираниот стратег веројатно мисли на тоа дека со доаѓањето на Клоп тимот од „Енфилд“ си ја врати моќта и се доближи на само една титула од рекордните 20 на Манчестер Јунајтед.

 

Се вчитува...