Хасани: Есенската круна е за „Балистите“, но не застануваме само на тоа!

Лесно и е на Шкендија кога во своите редови го има феноменалниот Ферхан Буба Хасани… Ова е генералниот впечаток на домашната фудбалска јавност кога ќе се сумира есенскиот дел од шампионатот во кој Шкендија стигна до есенската круна на едно пред крајот.

Со денешната убедлива победа од 1-6 против Ренова, Шкендија стигна до обезбедено лидерско место пред зимската пауза, и сето тоа како подарок за нивната најверна навивачка група „Балистите“ кои прославуваа 25 години од нивното формирање.

„Оваа победа и оваа есенска круна се еден вид подарок за ‘Балистите’, но мора сите заедно да знаеме дека патот до крајната цел е се уште многу долг“ – истакна Хасани по денешниот натпревар со „гипсарите“, во кој запиша нови два гола па сега со 14 гола е убедливо на врвот на листата на најдобрите стрелци во Македонија.

Balisti

„Одигравме одличен натпревар, но мора да знаеме дека не смее да има опуштање и за последното есенско коло. Со победа против Пелистер мора да ја заокружиме есента, па во пролетниот дел да продолжиме во ист ритам на патот кон посакуваната титула“ – дополнува популарниот Буба.

Се вчитува...