Фернандеш: Ако со 26 години сум уморен, што ќе правам на 30 или 32?

Најкорисниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш дерби дуелот против Ливерпул во ФА Купот го започна од клупата, но и покрај тоа одигра главна улога во победата на својот тим откако го матираше Алисон од слободен удар со што ги постигна конечните 3-2.

По натпреварот, Португалецот беше запрашан дали му е потребен одмор од големиот број на натпревари, вкупно 51, кои ги одигра оваа сезона, а играчот за врска на „црвените ѓаволи“ имаше интересен одговор.

„Уморен? Со 26 години не можам да се уморам. Ако сум сега уморен, што ќе биде кога ќе наполнам 30 или 32? Не, не сум уморен. Тренерот знае што е најдобро за тимот и против Ливерпул одлучи да започне со Ван де Бек, со цел да и даде на екипата свежина. Тоа е поштено, бидејќи Дони навистина добро тренира, беше битен за нас и ќе биде се поважен во иднина“ – изјави Португалецот.

 

Се вчитува...