Фернандеш: Ливерпул има мотивација бидејќи се бори за титула, Јунајтед не!

Фудбалерите на „црвените ѓаволи“ не се прославија и во втората сезонска битка против Ливерпул во Премиер-лигата, па доживеаа уште еден убедлив пораз овојпат од 4-0 на „Енфилд Роуд“. Гостите едноставно немаа никаков одговор за домашните фудбалери кои многу добро знаеја што прават во секој момент, со секоја акција.

Со вој негативен резултат Манчестер јунајтед направи чекор наназад во борбата за Топ 4, односно ќе треба да види каква ќе биде реакцијата на екипата почнувајќи од гостувањето во Лондон кај Арсенал за три дена.

„Им се извинувам на навивачите. Тоа никогаш не е доволно, но тоа е се што можеме да направиме. Тие заслужуваат многу повеќе. Мислам дека секој од нас даде 100% од себе и вложи напори, но не одигравме доволно добро. Ливерпул има поголема мотивација бидејќи се бори за титулата, тоа е разликата. Ние не се бориме за ништо. Треба да се погледнеме и да се обидеме да разбереме што не е во ред“, изјави Португалецот.

Се вчитува...