Фернандеш се пофали: Солскјер ми кажа да шутирам пенал и на дуелот со Вилјареал, но судијата не досуди!

Бруно Фернандеш неодамна се посрамоти против Астон Вила, промашувајќи пенал и шутирајќи високо над трибините. Португалецот ако постигнеше гол ќе донесеше барем еден бод за својот тим, но при резултат 1-0 за гостите, тој не успеа да биде прецизен и предизвика потсмев во фудбалската јавност.

По натпреварот тој истакна дека му е жал, но дека сепак сака да изведува пенали и дека е секогаш подготвен да ја преземе одговорноста.

Сепак, медиумите во Англија објавија дека Кристијано Роналдо треба да стане новиот изведувач на пенали на „Олд Трафорд“, но според Фернандеш, тој сепак би требало да остане прв изведувач на најстрогите казни.

„Повторно јас бев планиран да изведам пенал против Вилјареал, но го немавме на овој натпревар. Менаџерот одлучува пред натпреварот кој ќе шутира”, рече Фернандеш по натпреварот со Вилјареал во кој неговиот тим победи со 2-1, откако Кристијано.Роналдо беше прецизен во последните минути од овој меч.

Јунајтед го чека нов натпревар утре од 13:30 часот, па ќе биде интересно да се види дали Фернандеш повторно ќе шутира доколку се досуди пенал во корист на Јунајтед. Бруно минатата сезона постигна дури девет гола од пенал, што е најмногу од сите играчи во Премиер лигата. Гол помалку од ударите од пенал постигна Џејми Варди од Лестер.

Се вчитува...