Фернандо Алонсо се враќа во Формула 1

Легендарниот шпански возач Фернандо Алонсо на крајот на минатата сезона се повлече од Формула 1, но и понатаму е во спортот како амбасадор на тимот на Мекларен. Мекларен потврди дека Алонсо ќе биде во акција на првите тестови сезонава кои ќе бидат во вторник и среда. Главна задача на Алонсо ќе биде тестирање на пневматиците, поради што Мекларен во Бахраин ќе донесе болид за таа намена.

За 17 години поминати во Ф1, Алонсо два пати ја освојуваше титулата. Оствари 32 победи, 97 пати беше на подиумот, а имаше и 22 пол-позиции.

Се вчитува...