Фернандо Алонсо – легенда која го освои Формула 1 светот (ВИДЕО)

Најмладиот шампион во историјата на Формула 1, освојувач на две титули, носител на бројни рекорди и возачот кој е меѓу најуспшените во повеќе значајни категории на вечната листа, еден од најдобрите тркачи што ги видел светот според оценките на најдобрите познавачи – Фернандо Алонсо ја извозе последната трка во кариерата.

Формула 1 светот го памети само по убави работи, па финалето на сезоната во Абу Даби речиси комплетно беше посветено на него и неговата кариера.

Дали некогаш ќе се врати во најбрзиот шампионат и во каква улога, Алонсо засега не знае, но сигурен е дека Фернандо од младоста треба да добие неколку совети од повозрасната и усовршена верзија. Затоа Шпанецот реши на последниот ден да испрати видеопорака наречена „Драг Фернандо“.

 

Се вчитува...