„Фернандо е подготвен да се врати во Формула 1“

Поранешниот прв човек на Рено, Флавијо Бриаторе, вели дека Фернандо Алонсо е подготвен за кам-бек во Формула 1.

„Фернандо е мотивиран. Една година без Формула 1 беше одлично за него, да наполни батерии и да ја врати мотивацијата. Го гледам дека е подготвен за кам-бек и за нови големи достигнувања. Наскоро ќе видиме како ќе се движат работите, но јас сум сигурен дека тој ќе се врати“, изјави Бриаторе. 

Со Италијанецот како шеф на Рено, Алонсо ги имаше најдобрите сезони во кариерата. Во 2005 и 2006 година токму во болидот на францускиот производител Фернандо беше шампион во Формула 1.

Се вчитува...