Фернандо Јеро ќе биде селектор на Еквадор?

Поранешниот шпански селектор Фернандо Јеро би можел да се врати на тренерскиот занает како нов предводник на селекцијата на Еквадор. Тој е најсериозниот кандидат за пополнување на испразнетото селекторско столче во фудбалскиот тим на Еквадор кое зјае празно по завршувањето на Копа Америка.

Хорхе Селико, селекторот на селекцијата до 20 години привремено ја пополни функцијата, меѓутоа раководството на федерацијата е во интензивна потрага по нов стручњак кој ќе ја преземе работата и ќе го води Еквадор во квалификациите за СП 2022 во Катар.

Покрај Јеро, во конкуренција се и Јирген Клинсман, Џани де Бјаси и Сантијаго Солари.

Се вчитува...