Фернандо Јеро нема да продолжи како селектор на Шпанија

Фудбалската репрезентација на Шпанија разочара со настапот на Светското првенство и доживеа елиминација уште во осминафиналето, иако важеше за голем фаворит во пресметката со домашната селекција на Русија. „Црвената фурија“ се врати дома, а веќе е познато и дека Фернандо Јеро нема да остане на селекторската позиција. Тој беше принудно назначен за предводник на националниот тим, откако Хулен Лопетеги доби отказ на само три дена пред стартот на Мундијалот.

Јеро ќе ја преземе одговорноста за слабиот резултат, иако практично и не работеше со шпанската фудбалска репрезентација во пресрет на Мундијалот и изненадувачки седна на клупата по заминувањето на Лопетеги. Како најсериозни кандидати за нов селектор на Шпанија се издвојуваат имињата на Луис Енрике и Мичел.

Се вчитува...