Фернандо: Респект за Борец, но Македонија ЃП ќе покаже кој е кој…

Македонија ЃП посакува продолжување на позитивната серија против Борец во денешното 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Лавовите“ со нов триумф посакуваат задржување на втората позиција на табелата…

„За да покажеме дека не е случајно што сме втори на табелата, а и за да го нападнеме и првото место, мора утре да го докажеме тоа на терен! Само три бода се опција за нас на домашен терен. Респект за секого, но утре Македонија ЃП ќе покаже кој е кој во Ѓорче!” – вели левиот бек на Македонија ЃП, Фернандо Аугусто, еден од најзаслужните за добрите резултати во првите четири кола.

Но, оптимизам владее и во таборот на Борец каде има и дополнителен мотив за продолжението од првенството по големата победа над Шкендија.

ПРВА ЛИГА – 5. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)

Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ

Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ

Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС

Вчера: АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА 2-0

 

Се вчитува...