Ферплеј наградата за Тај – наместо на фудбал отиде да спаси човечки живот

Во распределбата на бројните фудбалски оскари, еден од нив заврши во рацете на Ленарт Тај. За многумина тотален фудбалски анонимец, станува збор за член на холандскиот прволигаш Венло, кој апсолутно заслужено го добие признанието за ферплеј што вообичаено го доделува светската куќа на фудбалот.

Венло требаше да гостува на ПСВ Ајндховен, кога беше објавено дека Тај нема да може да се појави на „Филипс арена“ од најхумана можна причина. Дефанзивецот замина за да даде коскена срж што потоа со трансплантација ќе помогне за спас на човечки живот. Приказната експресно се рашири, ПСВ го доби натпреварот со 3-0, а навивачите на двата тима во еден глас го скандираа името на Ленарт Тај.

Воедно, клубот од Ајндховен на крајот од дуелот објави дека токму Тај е добитник на наградата „играч на натпреварот“, иако воошто не се појави на теренот.

„Кога ќе ви се укаже можност да спасите човечки живот, немате друг избор освен да помогнете. Секако дека сум горд на она што го сторив, но уште погорд сум на фактот дека по мојот случај се разви свеста меѓу луѓето, па се појавија огромен број на нови донатори на коскена срж во Холандија. Тоа е она што ме прави многу среќен“ – изјави Тај.

Се вчитува...