Ферплеј за крај на финалето: Данците се тргнаа, Дувњак го даде својот последен гол за Хрватска

Данска ја оправда фаворитската улога и се закити со златото на СП 2025, а скандинавските ракометари во самиот финиш од финалето покажаа фантастичен ферплеј, дозволувајќи му на Домагој Дувњак со гол да стави крај на својата репрезентативна кариера.

Големиот ас веќе најави дека финалето ќе му биде последен меч во дресот на Хрватска, Дувњак немаше гол се до последните секунди, кога Данците буквално се тргнаа и му направија простор, тој да остане запишан како стрелец на последниот гол во финалето од овој ракометен мундијал.

Потег за почит кон ракометен великан каков што е Домагој Дувњак…

 

Се вчитува...