Ферстапен: И јас ќе бев шампион да имав болид како Хамилтон!

Холандскиот возач во болидот на Ред Бул, Макс Ферстапен, смета дека болидот на Мерцедес е главната разлика што го прави Луис Хамилтон надмоќен пред другите во освојуавњето на шампионските титули.

Британецот на трката во Мексико минатата недела ја потврди својата петта титула во Формула 1, во конкуренција на возачи. Ферстапен пак, смета дека и тој би бил најдобар да го има болидот од Хамилтон.

“Неговиот болид ја прави разликата. Се разбира, Луис е извонреден возач, но и јас би победувал во таков болид. Рикјардо би освоил титула, па и јас исто така“ – прокоментира Ферстапен.

Младиот Холанѓанец смета дека за три години  кога ќе има промени во правилата во Ф1, Ред Бул ќе биде конкурентен со Мерцедес и со Ферари. Тој тогаш ќе има само 23 години, очекува да вози во најдобрата форма и оптимистички најавува 3-4 титули.

Тогаш ќе имам 23 години и пред себе уште шест години да се обидам да ја освојам шампионската титула во Ф1. Се надевам дека на 30 години веќе ќе има три или четири титули“ – вели Ферстапен.

Во досегашната кариера холандскиот возал има остварено пет победи.

Се вчитува...