Ферстапен: Јас во Мерцедес? Ќе видиме во 2028 година…

По втората сезонска победа на Макс Ферстапен во Саудиска Арабија почнаа шпекулации дека тој би можел следната сезона да се пресели во Мерцедес.

Трикратниот светски шампион пред трката за Големата награда на Австралија говореше на оваа тема.

„Отсекогаш постоела добра релација меѓу мене и Тото Волф. Секако дека е убаво да се слушне кога некој те цени на тој начин. Имам договор до 2028 година со Ред Бул. Кој знае што ќе се случи тогаш, дали воопшто ќе возам во Формула 1“, изјави Ферстапен.

Се вчитува...