Ферстапен: Не сме доминантни како што некогаш беше Мерцедес

Двократниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен ја коментираше изјавата на Луис Хамилтон за болидот на Ред Бул. Британецот истакна дека овогодинешниот Ред Бул е најбрзиот болид што некогаш го видел и дека има огромна предност во однос на конкуренцијата.

Холанѓанецот не се согласи со оваа констатација велејќи дека кога Мерцедес доминираше со Ф1 караванот, тој болид бил далеку пред сите останати.

„Ако ја погледнеме статистиката, оваа изјава не е точна. Вистина е дека имаме добар болид и тоа не е лошо. Сепак, искрено сме далеку од доминацијата што ја имаше Мерцедес во периодот од 2013 до 2020 година“, изјави Ферстапен.

Макс одлично ја започна новата сезона. Оствари два триумфа и едно второ место и се чини дека тешко некој ќе го спречи на патот кон третата титула во низа.

Се вчитува...